Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, беше тажен откако со неговиот тим беше елиминиран од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Блауграна“ доживеа елиминација и покрај тоа што во реваншот успеа да се врати по негативата од два гола, а од 88.минута имаше предност 2:3.
На крајот, фудбалерите на Интер се пласираа во финалето со победа од 4:3.
„Дадовме сѐ од себе, не беше можно оваа година, но ќе се вратиме, немојте да се сомневата во тоа. Нема да застанеме додека не го ставиме овој клуб таму каде што заслужува да биде, на врвот“, напиша Јамал на „Инстаграм“.
„Ќе го одржам ветувањето и ќе и донесам трофеј на Барселона, нема да застанеме додека не го освоиме. Но, недела е уште едно финале и сите мора да бидеме заедно“, истакна тој.
Јамал одигра уште еден врвен натпревар, но може да се каже дека беше и трагичар. Една минута пред израмнувачкиот гол на Интер за 3:3, тој ја погоди стативата, а во 114.минута голманот на Интер, Јан Зомер со нестварна интервенција го спречи да постигне гол.
Во финалето, Интер ќе игра со подобриот тим од дуелот ПСЖ-Арсенал.
Текстот Јамал: Ќе го одржам ветувањето ќе донесам трофеј во Барселона е превземен од МАКФАКС.