Победата на конзервативната коалиција ГЕРБ-СДС во Бугарија, на чело со поранешниот премиер Бојко Борисов, според експертите за надворешна политика, позитивно ќе се одрази на односите на Бугарија со Македонија. Поранешниот амбасадор на земјава во Бугарија, Марјан Ѓорчев, вели дека долгогодишната соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ГЕРБ значи дека постојат реални шанси за решавање на споровите меѓу двете земји.
И покрај тоа што се уште не се знае која друга партија ќе биде дел од коалицијата за формирање на бугарската Влада, Ѓорчев оценува дека тоа нема да има големо влијание.
Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, освои 26,7 отсто од гласовите. Коалицијата „Продолжуваме со промените- Демократска Бугарија“ на Кирил Петков и Христо Иванов добија 15,5 отсто од гласовите а Движењето за права и слободи на чело со Делјан Пеевски 15,1 отсто. Преродба добил околу 14 отсто, БСП 9,8 отсто, а коалицијата „Има таков народ“ 6,4 отсто од вкупниот број гласови./Алсат.мк
Ајнур Бафќари