Војната во Украина има друга димензија од она што ние како стари новинари го доживеавме со војната во Косово, изјави Африм Ѓонбалај, офицер на НАТО во емисијата 200 во Алсат, пишува Алсат.
„Ова има друга димензија, таа друга димензија е дека една појака држава како Русија со сета воена машинерија почна да ја гони цивилната популација. Која е целта на режимот на Москва? Има многу хипотези и секоја хипотеза која ние ќе го спомнеме, излегува дека е вистина на некој начин. Стравувам дека не е само една Буча туку има многу други Буча кои ќе се откријат следните денови, следните месеци- изјави Ѓонбалај.
Тој додаде дека овде јасно се гледа стратегијата на самата администрација на Путин, да се прогонува цивилното население и да се создаде тотален економски хаос, да се уништи украинската економија, но и да се загрози самата Европа со бегалци. /Алсат.мк