Иако нема освоено ниту една АТП титула од ноември 2023 година, кога го освои завршниот мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ нема намера наскоро да ја заврши кариерата.
Тој го потврди ова, во Макајми, во изјава за Тенис ченел.
„Додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам да продолжам да играм се додека ми се допаѓа. Очигледно нема да биде така на секој меч, но се додека можам да се натпреварувам на највисоко ниво, ќе продолжам да играм. Желбата е присутна имам поддршка и од најблиските во мојот живот. Па да видиме до каде ќе стигнам“, изјави по победата против Хиџиката во второто коло на овој Мастерс.
Ѓоковиќ, велерва околу 20 часот, во третото коло игра против Аргентинецот Карабели, 65-ти на АТП листата.
Текстот Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам е превземен од МАКФАКС.