Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Австралија опен. Во првото коло, со мали проблеми, го победи 107. играч на АТП листата, Американецот Нишеш Басавареди со 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 6:2).

Десеткратниот шампион на гренд слемот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 19-годишниот Басавареди. Имаше проблеми Ѓоковиќ со мотовираниот противник, кој наметна силно темпо од самиот старт. Еден брејк му беше доволен да го добие првиот сет.

Ѓоковиќ прв пат по 19 години му се случи да го загуби првиот сет, во првиот меч на Австралија опен.

Србинот имаше проблеми и во вториот сет, не ги користеше брејк шансите, се до осмиот гем кога направи брејк, а потоа сервираше и го освои сетот. Тој момент беше клучен за конечниот исход.

Басавареди стана жртва на пеколното темпо кое го наметна. По завршувањето на вториот сет поради грчеви побара медицински тајм-аут. Не успеа да се опорави, Ѓоковиќ направи брејк веднаш во првиот гем од третиот сет, а потоа рутински го чуваше својот сервис.

Брејк во првиот гем, Ѓоковиќ направи и во четвртиот сет, а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и се пласира во втората рунда.

„Почетокот беше одличен, Нашиш беше подобар од мене сет и пол, силно удираше, така што ми беше тешко и навистина морам да му честитам. Да бидам искрен, начинот на кој игра е одличен бидејќи овие натпревари се тешки и проблематични, бидејќи, ова е негов прв Грен слем натпревар и тој е вистински натпреварувач. Пријатно ме изненади со начинот на кој играше и со спортскиот дух што го покажа“, изјави Ѓоковиќ.

Противник во ворото коло ќе му биде Хаиме Фари.

Текстот Ѓоковиќ со триумф го започна АО – Со пресврт го победи анонимусот Басавареди е превземен од МАКФАКС.