Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсот во Париз.

Како што пренесува „Спортклуб“, Ѓоковиќ ќе го нема во салата Берса во Париз во периодот од 28 октомври до 3 ноември за кога е закажан овој турнир.

Новак неодамна го освои третото место на егзибицискиот турнир „Слем на шесте кралеви“, каде по победата над Рафаел Надал изјави дека ќе одлучи дали и каде ќе игра до крајот на сезоната.

Одлуката по Ријад е дека нема да го гледаме во Париз, а во центарот на вниманието е и финалето на АТП во Торино. Во овој момент тој е поблиску до тоа да не настапи, отколку да се најде во најдобрите осум.

Доколку тоа се случи, следниот турнир на Новак би можел да биде Австралија опен, кој започнува на 12 јануари.

Текстот Ѓоковиќ се откажа од Париз – последен меч со Надал годинава?! е превземен од МАКФАКС.