Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по повлекувањето од полуфиналето на Австралија опен.
Ѓоковиќ се соочи со германскиот тенисер Александар Зверев, но мораше да се повлече од теренот по само еден сет поради повреда.
Тој им се заблагодари на организаторите на турнирот и му посака на Зверев среќа во финалето.
„Се обидов да се опоравам за мечот, но можев само толку да притискам. Сепак, носам позитивни спомени од овогодинешниот Австралија опен. Ви благодарам Тени Австралија што го пречекавте мојот тим, семејството и мене на прекрасен начин како и секогаш. Честитки до Саша во уште едно Гренд слем финале. Ти посакувам да го освоиш турнирот затоа што тоа го заслужуваш пријателе“, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Ѓоковиќ и Зверев одиграа сет долг 81 минута, го доби Германецот во тај-брејк со (7:6) откако претходно, двајцата вкупно не успеаја да искористат осум брејк топки.
Непосредно пред тоа Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна. Раптурата на мускулот, со коај се здоби во четвртиналето против Карлос Алкараз овојпат беше посилна од него…
Зверев во финалето ќе се соочи со Јаник Синер, кој успеа да го совлада Бен Шелтон со 3-0.
Текстот Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм: Се обидов е превземен од МАКФАКС.