Новак Ѓоковиќ ја почна 2025 година со победата против Гаел Монфис во Бризбејн со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето.
По мечот, Ѓоковиќ беше доста расположен. На прашањето што го држи мотивиран да игра на високо ниво, најдобриот играч на сите времиња одговори:
„Никогаш не сум го освоил Бризбејн. Се надевам дека ќе биде оваа година, затоа сум тука. Играв тука одамна, во 2009 година, а исто така и со српскиот тим на АТП купот. Немам играно многу генерално, но секогаш беше пред полн стадион. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, секогаш сум ја имал тука“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во Бризбејн го брка 100. трофеј во кариерата.
„Би било одлично ако тоа се случи. Децата ми рекоа дека морам да имам два различни вида на прослави. Ќерка ми сака да свирам на виолина, а син ми сака да свирам саксофон, па се обидов да ги направам и двете. Тоа е првпат со моето семејство во Австралија, патот е долг, но тие дојдоа за да бидат со мене. Моето срце е полно поради тоа“.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Опелка, кој има одличен сервис.
„Имаме неколку одлични сервери на турнирот. Опелка би бил одличен кошаркар. Тој беше повреден неколку години и се мачи многу. Никогаш не сум играл со него. Ќе морам да се движам неколку чекори далеку од основната линија за тој прв сервис, тоа ќе биде сосема поинаков натпревар. Ќе дадам се од себе да се подготвам“, рече Ѓоковиќ.
Текстот Ѓоковиќ: Се надевам дека ова е годината во која ќе го освојам Бризбејн е превземен од МАКФАКС.