Реакцијата на австралиската публика по полуфиналето во сингл за мажи на Австралија опен предизвика многу контроверзии.

Бројни фанови во Мелбурн го исвиркаа Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, бидејќи беше принуден да се повлече од мечот со Александар Зверев по првиот сет. Некои отидоа дотаму што се посомневаа дека освојувачот на 24 Грен слем титули е повреден.

Српскиот тенисер им одговори на сите објавувајќи радиолошка слика од повредата на задната ложа на социјалните мрежи.

„Го оставам ова овде за сите „експерти“ за спортски повреди Ѓоковиќ се предаде во полуфиналето на Австралија опен откако го загуби првиот сет од Александар Зверев.

За време на четвртфиналниот меч со Карлос Алкараз, многумина се сомневаа во повредата на Новак, а на десеткратниот победник на АО очигледно реакциите му дојдоа „преку глава“, па реши да ја објави снимката.

Добросав Мелајац, физиотерапевт кој сега работи со Корентан Муте, зборуваше за снимката што Ѓоковиќ ја објави.

„Врз основа на оваа слика би рекол дека има раптура, и дека не е наивна повредата. Секоја чест како воопшто успеа да одигра еден сет“, рече Мелајац за Спорт Клуб.

Сликата покажува скенирање со магнетна резонанца.

Повредата го зафаќа левиот заден оддел на ногата на Ѓоковиќ, а објавената слика покажува дека прегледот е извршен во клиниката „Викторија Хаус Медикал Имиџинг“. Клиниката се наоѓа во предградие на Мелбурн наречено Саут Јара.

Снимката е направена на 25 јануари, ден по повредата која го принуди Новак да се повлече од полуфиналето.

Текстот Ѓоковиќ објави слика од повредата: За сите „стручњаци“ е превземен од МАКФАКС.