Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на завршниот Мастерс во сезоната. Турнирот во Торино ќе се одржи од 10 до 17 ноември. Организаторот обезбеди награден фонд од 15.250.000 долари.
Ѓоковиќ е актуелен шампион на овој Мастерс, во финалето во 2023 година го победи Јаник Синер (6:3, 6:3), а во кариерата седум пати го освојуваше тој турнир (2008, 2012, 2013, 2014, 2015, 2022, 2023).
Освојувачот на 24 Гренд слем титули ќе остане без 1.300 поени и ќе му биде загрозен пласманот во Топ 10 во светот. Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека нема да игра.
„Голема чест е да се квалификувам за завршниот Мастерс во Торино и навистина се радував да играм таму, но поради проблем со повреда нема да играм следната недела во Торино. Им се извинувам на сите што планираа да ме гледаат таму. На сите играчи им посакувам одличен турнир, ќе се видиме наскоро“, напиша Новак Ѓоковиќ.
Текстот Ѓоковиќ нема да игра на завршниот мастерс во Торино е превземен од МАКФАКС.