Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ, дефинитивно му се враќа на тенисот, а негова прва европска станува ќе биде турнирот во Монте Карло, откако тоа го потврдија организаторите на овој настан.
Тоа ќе биде само второ учество на Србинот годинава, по собирот во Дубаи, каде што загуби уште во четвртфиналето од Јиржи Весели, по што го загуби првото место на АТП-листата. Во меѓувреме, на Ѓоковиќ не му дозволија да настапи на Индијан Велс, но тоа не го спречи пак да стане најдобар на светот по брзата елиминација на Данил Медведев.
Српскиот тенисер ќе ја брка третата круна во Монте Карло, за што ќе има тешка задача со оглед што ќе настапат ривали како Рафаел Надал, Медведев, Циципас, Зверев, Беретини… Шпанецот е најтрофеен со дури 11 победи во Монако.
Извор: Спорт1