Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос заедно ќе играат двојки во Австралија. Ова го објави Кирјос на своите профили на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ и Кирјос ќе настапат во дубл на турнирот во Бризбејн. Инаку, на овој турнир двајцата ќе играат и сингл.

Ова ќе биде прво вакво партнерство меѓу Србинот и Австралиецот по неколкугодишни најави откако ги надминаа сите несогласувања и станаа големи пријатели.

За потсетување, Новак ќе ја отвори новата сезона во Бризбејн, турнир кој почнува на 29 декември, а ќе се загрева и во сингл и во двојки за Австралија опен, кој почнува на 12 јануари.

Од друга страна, тоа ќе биде прв турнир за Кирјос по долго време. Тој паузира повеќе од една година поради разни повреди.

Текстот Ѓоковиќ и Кирјос ќe играат дубл во Австралија е превземен од МАКФАКС.