Новак Ѓоковиќ избори пласман во 142.финале во кариерата. Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 за 69 минути игра.

Шесткратниот шампион во Мајами го прегази Бугаринот, кој лани во овој период стигна до финалето.

Го загуби Ѓоковиќ првиот гем на свој серис и од тој момент започна неговата доминација на теренот. Веднаш го врати брејкот, а до крајот на првиот сет освои пет, а Димитров само еден гем.

Мечот српскиот тенисер практично го реши во втриот гем од вторито сет кога му го одзеде сервизот на Димитров, а потоа поведе со 3:0. До крајот двајцата лесно ги освојуваа своите сервиси.

Во финалето, во недела, противник на Ѓоковиќ ќе му биде Меншик или Фриц.

Текстот Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерсот во Мајами е превземен од МАКФАКС.