Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Монте Карло со пораз во првото коло од Чилеанецот Алехандро Табило.

Табило по речиси час и половина игра го победи Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6:3, 6:4).

Новак е третпат елиминиран во својот прв меч во Монте Карло во кариерата.

Ова е втора победа за Табил во исто толку натпревари против Ѓоковиќ, откако лани на Мастерсот во Рим го елиминираше со 2-0 во сетови.

Неговиот ривал во третото коло на турнирот ќе биде подобар од пресметката меѓу Димитров и Вашеро.

Текстот Ѓоковиќ елиминиран од Табило во Монте Карло е превземен од МАКФАКС.