Поминаа повеќе од 11 години откако Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање по која никогаш повеќе не се појави во јавноста, а сега најновите информации ги објави новинарот Феликс Форнер, кој ја следеше кариерата на возачот.

Тој ја опиша ситуацијата како „многу тажна“ за седумкратниот шампион во Формула 1 и неговото семејство. Дури и информациите кои стигнуваат до јавноста се строго контролирани. Од декември 2013 година, кога Шумахер доживеа тешка несреќа, тој никогаш не се појави во јавноста.

Сепак, во средата овој новинар кој внимателно ги следеше сите успеси на Шумахер споредели информации.

„Ситуацијата е многу тажна. Тој има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели“, рече тој.

Тој истакна дека Шумахер веќе „не е способен вербално да комуницира“, потврдувајќи ги гласините што траат веќе неколку години.

Мик Шумахер, неговиот син, пред четири години изјави дека Михаел има проблем да зборува.

„Ќе имавме многу теми за разговор, би било одлично ако тоа беше можно“, рече тој.

Новинарот откри кој може да ја види легендата.

„Во моментов, најмногу 20 луѓе можат да го видат Мајкл. И според мене, тоа е вистинската стратегија. Бидејќи семејството дејствува во негов најдобар интерес. Тие отсекогаш биле многу заштитнички настроени кон неговата приватност и тоа не се променило“.

Текстот „Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели“ е превземен од МАКФАКС.