Нотингем Форест ја игра најдобрата сезона во поновата историја на клубот. „Шумарите“ се изедначени на второто место во Премиер лигата, а нивната цел во јануарскиот преоден рок покажува дека се сериозни за останување меѓу најдобрите четири екипи.
Нотингем Форест го има еден од најдобрите напаѓачи во лигата оваа сезона според бројките. Крис Вуд блеска оваа сезона. Напаѓачот на Форест постигна 14 гола на 22 меча, а како што стојат рабтите тој наскоро ќе добие конкуренција.
Имено, Нотингем е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да се засили со Матеус Куња. Бразилскиот интернационалец не е задоволен од Вулвс, кој има големи проблеми и на резултатски и во клупски план. Вулверхемптон до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.
Нотингем Форест е подготвен да плати дури 60 милиони фунти за Куња. Според првичните информации, тоа би било доволно Вулверхемптон да го одобрат трансферот. .
Куња е во Волвс од почетокот на сезоната 2023/24, кога за нешто помалку од 50 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот договор истекува во јуни 2027 година.
Текстот „Шумарите“ ќе го урнат клупскиот рекорд – Куња пред трансфер во Нотингем Форест е превземен од МАКФАКС.