Тиквата е многу корисна во која било форма, а една чаша сок ќе биде доволна за внесување на големо количество витамини во организмот.
Нутриционистите предлагаат да пиете по една чаша сок од тиква секое утро на празен стомак.
За да го подготвите овој напиток, ќе ви требаат 100-120 гр сирова тиква и чаша вода. Состојките ставете ги во блендер, измешајте и напитокот е готов.
Ова смути треба да се конзумира редовно еден месец. Со оглед на тоа што е сосема природен, овој „лек“ нема никакви нуспојави бидејќи вклучува само сурови билки и вода.
Освен што го регулира холестеролот и влијае на дијабетичарите, листата на лековити својства на овој напиток не завршува тука.
Тиквата е добар извор на витамини А и Ц, како и протеини, калиум, фолна киселина и антиоксиданси, а содржи многу малку масти. Нејзините семиња се богати со протеини, железо, цинк, магнезиум, манган и витамин К.
Ова се здравствените проблеми со кои овој сок покажал корисни ефекти:
Корејските научници открија дека протеините од кората од тиква го спречуваат растот на патогени микроорганизми, вклучително и кандида, што предизвикува сериозни здравствени проблеми.
Покрај тоа, кинеските научници открија дека екстрактот од тиква може да биде од голема помош за луѓето со дијабетес тип 1, бидејќи го стимулира производството на инсулин и ги регенерира оштетените клетки на панкреасот.
Исто така, бидејќи витаминот Ц, кој оваа храна го содржи во поголеми количини, помага во лекувањето на дијабетесот, особено дијабетичарите треба максимално да ја искористат сезоната од овој зеленчук.
Тиквата е одличен диуретик, бидејќи го забрзува исфрлањето на вишокот вода од телото, а особено се препорачува за пациенти со ревматизам, гихт и воспаление на бубрезите и мочниот меур. Дијабетичарите треба да го јадат што почесто, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта.
Поради високиот процент на витамин А се препорачува за подобрување на видот.