Што треба да знаете за првиот Самит за мир за Украина?

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

  1. Првиот Самит за мир за Украина ќе се одржи на 15-16 јуни во г. Бургенсток, Швајцарија.
  2. На барање на Украина, Швајцарија покани над 160 делегации од целиот свет да се приклучат на Првиот Самит за мир за Украина.
  3. Целта на одржувањето на Првиот Самит за мир за Украина е конструктивна дискусија насочена кон обновување на сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина, поради неиспровоцираната вооружена агресија на постојаната членка на Советот за безбедност на ОН, рф, против Украина.
  4. Учеството на широк опсег на држави и нивниот придонес во дискусијата ќе биде од клучно значење за постигнување на овие цели. Швајцарија има долга традиција на промовирање дијалог.
  5. Сите оние држави кои ги почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН ќе учествуваат на Првиот Самит за мир за Украина.
  6. рф ја прекрши точка 4 на членот 2 од Повелбата на ОН, според која сите членки на ОН „ќе се воздржат во нивните меѓународни односи од закана со сила или нејзина употреба, како против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава, и на кој било друг начин некомпатибилен со Целите на Обединетите нации“.
  7. Активната работа насочена кон спроведување на Формулата за мир трае повеќе од една година. 141 држава ја поддржа Резолуцијата на Генералното собрание на ОН „Принципите на Повелбата на ОН во основата на сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина“ (од 23.02.2023 година) (Република Северна Македонија ја поддржа Резолуцијата).
  8. Првиот Самит за мир за Украина е следниот чекор по одржаните консултации на ниво на советници за национална безбедност (Република Северна Македонија беше претставена во Малта и Давос).
  9. Самитот има за цел да даде платформа за да се дискутира за различни визии за Мировниот Процес и да се даде политички почеток на високо ниво за подготовка на заедничка мировна рамка, која треба да го обнови мирот во Украина.
  10. Само заеднички напори можат да ја запрат руската агресија.

    ЦИВИЛ МЕДИА