Сите знаат дека е добро да си подготвите топла купка од време на време.
Обично топлите купки се препорачуваат еднаш или двапати неделно, но доколку имате проблеми со кожата, консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете да го практикувате ова.
Но, дали знаете кои се придобивките од секојдневата кушка?
Ќе ви ги исчисти дишните патишта
Лежењето во топла када има позитивни ефекти врз вашите бели дробови и количината на кислород што го дишете. Притисокот што топлата вода го става на градите ги чисти дишните патишта и синусите, со што го олеснува дишењето.
Ќе изгледате помладо
Можеби мислите дека вашата кожа е сува бидејќи нема доволно природни масла, но тоа не е точно. Кожата бара начин да задржи што повеќе влага, особено во зима. Купката помага во одржување на хидратацијата на кожата.
Не само што купките помагаат ако имате сува кожа, туку ја подобруваат и еластичноста на кожата, ја измазнуваат и ја намалуваат појавата на брчки на лицето.
Го подобрува квалитетот на сонот
Капењето два часа пред спиење може да го подобри квалитетот на вашиот сон, особено ако се борите со несоница. Топлата купка ве релаксира и смирува. Ги релаксира и мускулите, а доколку слушате и музика, истражувањата потврдиле дека го забавува дишењето и го намалува крвниот притисок.
Го ублажува воспалението на мускулите
Можеби мислите дека ледената купка е единствениот начин за ублажување на воспалението на мускулите, но се лажете. Топлата вода ги опушта мускулите, и добро истегнете се за воспалението да биде што поблаго, пишува Brightside.