Во Свети Николе вечерa се одржа едукативна трибина за подигнување на свесноста за редовна имунизација, како и за значењето на редовната вакцинација. Настанот е во рамки на одбележувањето на Европска недела на имунизација, a е во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе. Со овој настан, велат од ВМРО-ДПМНЕ се дава придонес за подигнување на опфатот со имунизација, со оглед дека Македонија е на дното по опфат на имунизација со прва доза.️

-По повод неделата на имунизација централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Свети Николе одржуваме трибина на која се споделуваат информации за важноста на оваа процедура и на фактот дека треба да ги заштитиме нашите деца и напите блиски. Вакциналниот опфат во Македонија е во пад, ова е мал продонес за подигнување на јавната свест и здравствената култура – рече д-р Игор Николов.


Доктор Соња Васиќ се осврна на клучните прашања во своето обраќање на тема „Вакцината спасува живот“
❓️Што се вакцините и како функционираат
❓️Што треба да знае секој родител за придобивките од имунизација, клучен е календарот за имунизација

Спец по семејна и патронажна грижа, Анита Димовска во едукативно предавање на тема „Го заштитувам моето дете” укажа дека родителите се најголеми зашитници на своето дете.

❗️️Родителите се најголеми заштитници на своето дете, но понекогаш заради недостиг на соодветни информации или заради неточни информации на кои наидуваат, одбиваат да го имунизираат своето дете, несвесни за ризиците на кои го изложуваат.
❗️Целта на овие едукативни предавања е од стручен аспект и со факти да се разјаснат дилемите кои ги имаат родителите за важноста и значењето на имунизацијата

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.