Во септември продолжува ретроградниот период на планетите, кој започна минатиот месец. И најважно е дека Меркур ќе биде ретрограден до 15-ти, што значи дека сите работи ќе успорат, ќе има некои ревизии и во врските и воопшто во погледите на животот. До тој ден е подобро да не потпишувате ништо.

Покрај тоа, од 1 до 7 септември Јупитер – социјалната планета – ќе биде ретроградна. Затоа, се што е поврзано со меѓународните односи ќе биде „на пауза“. Не треба да се очекуваат договори или помирувања.

Само три знаци од Зодијакот може да очекуваат голем успех во септември.

Девица

На прво место е Девицата. Овој знак на Зодијакот ќе има огромна среќа но и шарм,  особено во втората половина на месецот, кога Меркур ќе престане да биде ретрограден. Тие ќе имаат поволен аспект со Уран – иновации, промени, нови планови, интеракции со општеството, развојна претприемачка фаза, голем финансиски успех.

Јарец

Јарците ќе имаат прилично поволен период, особено во однос на долгите патувања и контакти со странци.  Можат да се релаксираат, да се стекнат со високо образование, да полагаат успешно испити.

Бик

И Биковите се среќлии во септември. Јупитер сè уште ќе транзитира низ нивниот хороскопски знак. И покрај фактот дека ќе прави квадрат со нивната планета – Венера, тоа ќе им даде наплив на емоции, ќе отвори нови љубовни приказни, но во секој случај особено во љубовта ќе им донесе многу радост и среќа.

Кој може да чека големи пресврти?

Стрелец

Стрелците може да го променат својот светоглед. Тие ќе ги имаат сите можности за ова. Но сепак, сè може радикално да се промени во позитивна насока за нив.

А кој нема да има среќа во септември?

Вага

Вагите имаат катастрофална ситуација, бидејќи Марс ќе има погубно влијание врз нив. Ги чекаат судови, спорови, уништување на партнерски односи, удари на судбината…

Овен

Овенот нема да има многу добра ситуација. Може да има потешкотии во семејството, може да се караат со роднините, да поднесат барање за развод. Не е исклучено изневерување во врската. Може да има и опасности од отворени конфронтации дури и на работното место.

Рак

Септември ќе биде тежок за Раковите. Ова особено се однесува на нивното место на живеење. Лоши ситуации може да се случат со соседите и роднините. Сè ќе биде лошо во однос на купување на недвижен имот, можат да бидат измамени, затоа избегнувајте големи купувања во септември.