Штафетата на олимпискиот факел за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг ќе трае само три дена поради загриженост од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите.

Како што наведуваат, штафетата низ Пекинг ќе помине од 2 до 4 февруари, а олимпискиот пламен ќе биде изложен само во затворени простори кои се сметаат за „безбедни и контролирани“.

Учесниците на штафетата ќе бидат подложени на здравствени прегледи и внимателно ќе се следат, почнувајќи две недели пред почетокот на церемонијата.

Пекинг ја пријави првата локална инфекција со омикрон сојот на коронавирусот на 15 јануари, а 11 случаи беа потврдени во главниот град до вчера попладне, објави државната новинска агенција Синхуа.

Прикажи повеќе