Германското списание „Шпигел“ објави, повикувајќи се на европски дипломатски извори, дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да отсуствува од претстојниот самит на НАТО доколку другите членки на алијансата не преземат конкретни чекори во врска со распределбата на средствата за одбрана.
Германија, која е особено ранлива на притисок, се соочува со барања за значително зголемување на трошоците за одбрана, според Ројтерс.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела разговарал за ова прашање со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, според извештајот, пренесува Танјуг.
Текстот „Шпигел“: Трамп се заканува со бојкот на самитот на НАТО поради распределбата на средствата за одбрана е превземен од МАКФАКС.