Реал Мадрид сезонава веќе го освои Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп, но тоа не се трофеи кои ги задоволуваат клупските апетити. Шпанците пишуваат дека Реал ќе го отпушти Карло Анчелоти доколку на крајот од сезоната не освои трофеј во Лигата на шампионите, Ла Лига или Кралскиот куп.

Доколку Реал не успее да победи во кое било од овие натпреварувања, тој ќе го напушти клубот и покрај неговиот договор кој истекува до следната сезона. Ова го пишува „Релево“, додавајќи дека негов наследник во клубот треба да биде Чаби Алонсо.

Баер, актуелниот клуб на Алонсо, е свесен за плановите на Реал. Шпанците пишуваат дека е постигнат договор меѓу двата клуба според кој на Алонсо ќе му биде дозволено да си замине во случај Реал да го повика.

Анчелоти моментално го одработува вториот мандат во Реал. На клубот му донесе две шампионски титули во Шпанија, три титули во Лигата на шампионите и вкупно 14 титули.

Текстот Шпанците ги објавија условите под кои Реал е подготвен да го отпушти Анчелоти е превземен од МАКФАКС.