Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес во саботата изјави дека она што се случува во Газа е „вистински геноцид“, пренесува Си-Ен-Ен.
За време на прославата за Денот на вооружените сили на Шпанија во саботата, Роблес за државната јавна телевизија „ТВЕ“ изјави дека Шпанија поддржува различни глобални прашања, додавајќи, „не можеме да го игнорираме она што се случува во Газа, што е вистински геноцид“. Повеќе од 35.000 луѓе загинаа во израелската офанзива во Газа.
Претходно оваа недела, Шпанија, заедно со Норвешка и Ирска, ги објави своите планови за формално признавање на палестинската држава од 28 мај.
Израелското Министерство за надворешни работи размислува за дополнителни дипломатски чекори против Норвешка, Ирска и Шпанија по објавувањето во средата, изјави извор запознаен со ова прашање.
Израел е под зголемен правен и политички притисок поради неговата кампања во Газа и го негираше геноцидот во тековниот случај пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) покренат од Јужна Африка.
Исто така, оваа недела Меѓународниот кривичен суд објави дека бара налози за апсење на водачот на Хамас во Газа Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Н. Абдурахмани