По слетувањето во Торино за Евровизија 2022, шпанската претставничка Шанел продолжи да ја „пали“ сцената изведувајќи серија огнени проби полни со прецизни танцови движења.

Шансите за победа на шпанската пејачка се зголемуваат, а шефицата на делегацијата Ева Мора вели дека RTVE е подготвена да го прифати предизвикот.

„Ги одржавме најдобрите Олимписки игри во историјата и би направиле одличен ЕСС 2023. Шпанија ја има целата туристичка инфраструктура и сигурни сме дека институциите ќе бидат вклучени. Веќе имаме план да бидеме домаќини на ЕСС 2023 година“, рече Мора.

Шанел е повеќекратна уметничка, која ја носи својата магија во глумата, танцувањето и пеењето. Таа патуваше низ цела Шпанија правејќи мјузикли, настапувајќи пред распродадени сали, нејзината енергија има хипнотизирачки ефект врз секој што има можност да ја гледа и слуша.

Песната со која настапува „SloMo“ веќе е голем хит како во неговата родна Шпанија, така и во странство. Затоа и се предвидува дека Шанел ќе има најголем успех од сите членови на „Големата петорка“, во која покрај Шпанија се и Велика Британија, Франција, Германија и Италија. Единствена „закана“ за најдобар пласман меѓу земјите-основачи на Евровизија до шпанскиот претставник се Италијанците, кои по една платформа веќе се „прогласени за победници на Евровизија“.

Шпанската претставничка настапува 10-та по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: