Шпанската и англиската репрезентација до 21 година ќе играат во финалето на Европското првенство откако „визираа“ борба за златото. Шпанија со 5:1 ја декласираше Украина откако претходно Англија со 3:0 беа подобри од репрезентацијата на Израел.
Украина почна одлично – во 17. минута ѕвездата на Челси, Михајло Мудрик му асистираше на Артем Бондаренко за изненадувачко водство. Но, Украинците, кои претходно во четврт-финалето ги елиминираа првите фаворити, Франција, немаа одговор за моќната „фурија“.
Абел Руиз само четири минути подоцна израмни, за Оихан Сансет да ги донесе Шпанците во водство во 24. минута. Во второто полувреме Шпанија доминираше со уште три гола – Бланко во 54. минута, Ороз во 68. и Гомез во 78. минута.