Минатата година во Шпанија беа извршени повеќе трансплантации на органи отколку кога било досега, објави Министерството за здравство на таа држава.
Според извештаите, извршена е вкупно 5.851 таква процедура, што е за девет отсто повеќе во однос на 2022 година, пренесува МИА.
Шпанија е глобален лидер во трансплантација на органи повеќе од три децении, а меѓу причините за тоа се постоењето на координатори за трансплантација во болниците и напредокот постигнат на полето на донирање органи.
Во исто време, Шпанија има најголем број донатори на органи во светот со стапка од 48,9 донатори на милион луѓе, според Министерството за здравство.