Еден од најталентираните и најзначајните играчи на Шпанија, Ламин Јамал, ќе ги пропушти натпреварите од последните две кола во Лигата на нации против Данска и Швајцарија.
Повредата што најдобриот млад играч на светот ја доби во Белград на гостувањето кај Црвена Звезда и поради која го пропушти синоќешниот натпревар против Реал Сосиедад во Сан Себастијан е од посериозна природа. Станува збор за истегнување на десниот скочен зглоб и тој ќе биде надвор од терените две до три недели.
Ова практично значи дека тој нема да биде во составот за натпреварите од групата 4 во А дивизијата во Лигата на нации против Данска во петок и Швајцарија во понеделник.
Шпанија веќе обезбеди пласман во четвртфиналето и место во првиот шешир за мундијалските квалификации.
Текстот Шпанија без Јамал против Данска и Швајцарија е превземен од МАКФАКС.