Ти-Џеј Шортс и екипата на Париз со пораз дебитираа во Евролигата. Актуелниот освојувач на Еврокупот загуби на домашен терен од Црвена звезда со 77:80.

Париз ја имаше контролата врз натпреварот две и пол четвртини, во еден момент предноста на домашните изнесуваше 13 поени, но и тоа не им беше доволно да забележат победа.

Шортс натпреварот го заврши со 16 поени, три скока и четири асистенции. Покрај Американецот со македонски пасош, двоцифрени во редовите на Париз беа Хифи и Ло со по 12, односно Хејс со 10 поени.

Кај Црвена звезда блескаше Немања Недовиќ со 21 поен за нешто повече од 21 минута, Кенан постигна 14 поени, Калиниќ и Мекинтаер по девет, првиот имаше и пет скока и три асистенции, вториот шест скока и седум асистенции.

Во вториот натпревар кој започна во 21 часот, Анадолу Ефес во Болоња го победи Виртус со 76:67. Во натпревар полн со пресврти гостите ги предводеа Отуру со 14 поени и девет скока, Брајант со 12 поени и пет скока, односно Ларкин со 11 поени, шест скока и три асистенции.

Кај Виртус се истакна Кординие со 16 поени. Поранешниот играч на Ефес, Клајбурн за 18 минути не постигна ниту еден поен, во статистиката запиша пет скока и една асистенција.

Текстот Шортс не успеа да спречи пораз на Париз од Црвена звезда е превземен од МАКФАКС.