„За Европејците е јасно дека долготрајна сигурност не може да биде постигната против Русија, туку само со неа. Дипломатските активности не се воопшто исцрпени. Добар знак е кога слушаме дека дел од војниците се вратиле, се надеваме дека ќе ги има уште. Можно е да се најде решение. Колку и да се чини тешка и сериозна ситуацијата, одбивам да кажам дека нема надеж“, кажа Шолц.
Тој кажа и дека Германија е посветена на обезбедувањето гасот и понатаму да минува низ Украина, во време кога се чека одобрување од Берлин за почеток на работата на довршениот гасовод Северен тек 2.
Германија е посветена на продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина, Белорусија, Полска и постоечкиот Северен тек, „согласно договорите кои постојат“, истакна Шолц. Повтори дека негова цел е избегнување какви било судири во Украина, но дека во тој случај би имало последици.