Германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакна важноста на поддршката на НАТО за Украина и посочи дека секоја земја-членка мора да даде се од себе, имајќи ја предвид посебната улога на Германија, како најголема европска членка на Алијансата, пренесе МИА.
„Германија е најголемата земја во Европа во НАТО и таквата позиција носи посебна одговорност и можам многу јасно да кажам дека ние, дека јас, ќе го исполнам тоа што зависи од мене“, рече тој на маргините на Самитот на лидерите на НАТО во Вашингтон.
Лидерите на НАТО се собраа на самитот во Вашингтон, во рамки на кој Алијансата ја одбележува 75-годишнината од формирањето.