Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нападите врз израелските фудбалски навивачи во Амстердам се неприфатливи и нагласи дека Евреите мора да се чувствуваат безбедно во Европа.

„Не може да се толерираат извештаи за насилство врз израелски навивачи во Амстердам. Не можеме да го прифатиме тоа.

Евреите мора да се чувствуваат безбедно во Европа“, напиша Шолц на платформата „Икс“, пренесе „Ројтерс“.

Пет лица се хоспитализирани, а 62 се уапсени во вчерашните напади врз навивачите на израелскиот фудбалски клуб „Макаби Тел Авив“ во Амстердам по натпреварот со „Ајакс“, потврди градоначалникот на тој град, Фемке Халсема. Нападите се случија на неколку локации во Амстердам, а полицијата неколкупати интервенира за да ги заштити израелските навивачи, ги следеше до хотелот и спречи натамошно насилство.

Напаѓачите извикувале „Слободна Палестина“, пренесува „Танјуг“.

Текстот Шолц: Неприфатливи се нападите врз навивачите на израелскиот клуб во Амстердам е превземен од МАКФАКС.