Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека низата инциденти во Балтичкото Море мора да се сфатат како дел од хибридната стратегија што им се заканува на европските земји.

Говорејќи пред состанокот на лидерите на НАТО во Хелсинки, германскиот канцелар ги повика балтичките земји да дејствуваат на координиран и брз начин во регионот на Балтичкото Море, објави Ројтерс.

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс пред состанокот на НАТО денеска во Хелсинки изјави дека европските држави мора да бидат подготвени да се справат со новите инциденти во Балтичкото Море по неодамнешните оштетувања на подводната инфраструктура.

„На самитот на НАТО сојузниците од Балтичкото Море денеска ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО Марк Руте, данската премиерка Мете Фредериксен, германскиот канцелар Олаф Шолц, летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс, литванскиот претседател Гитанас Науседа, полскиот премиер Доналд Туск, шведскиот премиер Улф Кристерсон и Извршниот потпретседател на Европската комисија Хена Виркунен“, изјави тој на веб-страницата на НАТО.

Текстот Шолц: Инцидентите во Балтичкото Море се дел од хибридна стратегија што им се заканува на европските земји е превземен од МАКФАКС.