ерманскиот канцелар, Олаф Шолц, уште еднаш ги отфрли повиците Германија да ги бојкотира руските енергенси поради рускиот напад на Украина.
Тој истакнал дека веќе се воведени санкции кон Русија и дека тие ја погодуваат економијата на оваа земја, а дека тоа ќе биде „уште подраматично во иднина“, пренесува АП.
„Поради своите позиции Германија и натаму има непроменет став по однос на енергетските прашања“, рекол Шолц.
Германскиот канцелар изјавил и дека другите земји во Европа се уште позависни од нафта, јаглен и плин од Русија отколку Германија, како и дека „никој не треба да биде оставен по страна кога станува збор за ова прашање“.
Шолц повтори дека Германија работи на тоа да ги промени снабдувачите со енергенти и дека за тоа ќе биде потребно време.