Премиерот на Украина Денис Шмихал денеска изјави дека Русија постојано ја напаѓа гасната инфраструктура на Украина за да ја остави без сопствен гас, бидејќи таа речиси секој ден истрелува ракети врз производните капацитети.
Шмихал истакна дека нападите, иако сериозни, се под контрола на украинските власти, благодарение на напорите на енергетската служба, пренесе „Укринформ“.
„Непријателот не престанува да се обидува да ја уништи нашата гасна инфраструктура. Ги гаѓаат рударските капацитети со ракети. Нападите се случуваат речиси секој ден, но и покрај тоа, енергетската ситуација е под контрола“, рече Шмихал на владиниот состанок, пренесува Танјуг.
Тој особено ги истакна нападите на југот на Украина, вклучително и градовите Николаев, Херсон и Одеса, кои останаа без струја и греење поради руските напади.
Шмихал додаде дека сите релевантни сектори и енергетски експерти постојано работат на поправка на оштетената опрема, а нападот врз гасната инфраструктура го извршила Русија синоќа.
Текстот Шмихал: Русија постојано ја напаѓа гасната инфраструктура за да ја остави без гас е превземен од МАКФАКС.