Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска изјави дека воените обврски наведени во 20 безбедносни договори што Киjив ги потпиша со своите партнери изнесуваат 60 милијарди долари годишно во следните четири години.
„Според овие договори, во следните четири години нашите партнери планираат да и обезбедат на Украина вкупна воена поддршка вредна 60 милијарди долари годишно“, рече Денис Шмигал на владиниот состанок.
Украина продолжува да се бори со целосната руска инвазија која започна во февруари 2022 година.
Финска најави нов пакет помош за Украина во вредност од речиси 160 милиони евра
Финска денеска го објави својот 24-ти пакет воена помош за Украина, кој се состои од одбранбен материјал во вредност од околу 159 милиони евра (170 милиони долари).
Вкупниот износ на воена помош што Финска и ја дава на Украина сега изнесува 2,2 милијарди евра (2,3 милијарди долари), објави финското Министерство за одбрана.
Според Институтот за светска економија Кил (IfV Kiel), кој ја следи меѓународната помош за Украина, Финска обезбедила и 239 милиони евра (255 милиони американски долари) хуманитарна и финансиска поддршка до крајот на април 2024 година.