Во исчекување на денешната ждрепка од второто коло од квалификациите за Конференциската лига, екипата на Шкупи по неколкудневниот престој во спортскиот камп Болу во Турција денес ќе го има првиот тест.
Поранешниот шампион во ПМФЛ својата форма ќе ја темпира против тимот на Херманштад од Романија. Натпреварот ќе се одигра во комплекс Болу со почеток во 16.00 часот
Стручниот штаб на овој дуел на располагање ќе ги има сите фудбалери со кои замина за Турција, единствено нема да може да смета на младите Хамза Рамани, Алекс Златков и Марио Ричков кои имаат обврски кон У21 селекцијата на Македонија.
Шкупи во првото коло од квалификациите за Конференциската лига ќе се сретне со тимот на Хегелман од Литванија.