Футсал Шкупи е новиот шампион на Македонија во футсал. Екипата од Чаир вчера ја совладаа Шкендија со 4-0 во Тетово и со тоа стигна до шампионскиот трофеј. По една година пауза, Шкупи ја врати титулата во своите витрини, вкупно 4-та, откако лани првак на Македонија во футсал беше тимот на КМФ Проект
Во победата на Шкупи над Шкендија со 4-0, двоен стрелец беше Елјеса, а погодија и Исмаили и Стојковски. По завршување на мечот, на новиот првак му беше доделен и шампионскиот пехар, како и медали на фудбалерите.
Тимот на КМФ Проект го освои второто место и допрва треба да го одигра својот меч, но нема шанси да го стигне Шкупи со оглед дека разликата на врвот е шест бода.