Извор/ facebook.com/fcshkupi1927
Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е една од жртвите во пожарот, во дискотеката во Кочани.
Клубот од Чаир, објави дека го повлече дресот со бројот 77 кој го носеше Лазаров. Во објавата на социјалните мрежи клубот соопшти дека „ ова е мал гест кој можат да го направат во овие тешки моменти“ и дека „ договорот на Андреј Лазаров ќе биде до крај исплатен на неговото семејство“.
Инаку, претходно и фудбалскиот клуб Тиквеш го повлече дресот со бројот 16, кој во минатото го носеше Лазаров во клубот од Квадарци.
Текстот Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе им го исплати целиот договор на неговото семејство е превземен од МАКФАКС.