Шкотскиот премиер, Хамза Јусаф ги обвини високите израелски владини претставници дека предлагаат „етничко чистење“ во Појасот Газа со раселување на Палестинците и доведување израелски доселеници, објави Хералд Скотланд.
Тој им понуди силна поддршка на Палестинците, велејќи дека „често повторуваните коментари на високи израелски претставници кои повикуваат на раселување на Палестинците од Појасот Газа се пример за дефиницијата за етничко чистење“.
Газа е окупирана палестинска територија и ќе биде дел од идната палестинска држава. Народот на Газа не треба да биде предмет на принудно раселување или преселување… Високи функционери на Владата на Нетанјаху кои даваат изјави, искрено, се пример за дефиницијата за етничко чистење. Ова мора најстрого да се осуди, истакна Јусаф.
In the last few weeks we’ve heard statements from senior Ministers in the Israeli Government calling for the resettlement of the population of Gaza, and for Israeli settlements to be established in Gaza.
That is the textbook definition of ethnic cleansing and must be called out. pic.twitter.com/QZroEJQpCk
— Humza Yousaf (@HumzaYousaf) January 5, 2024
Г. Т.