
Шкендија е елиминирана од Европа, па сега фокусот го става кон домашниот шампионат. Тетовскиот тим го имаше последниот тест пред почетокот на првенството и убедливо го победи второлигашот Арсими со 5-0.
Дашмир Елези ја oтвори и ја затвори серијата голови, двоен стрелец беше и Методи Максимов, а погоди и Красниќи.
Шкендија во првото коло од новиот шампионат ќе гостува во Охрид и ќе ги одмери силите со новиот прволигаш Воска Спорт.