Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска го критикува меѓународниот правен систем наведувајќи дека израелската војна во Газа ја покажала својата пристрасност и хиерархиска природа.
„Она што се случува во Газа е жив доказ за фактот дека меѓународниот систем е создаден за да се користи и злоупотребува од привилегирано малцинство“, рече Фидан на конференцијата за глобална дипломатија и иднината на Палестина во Анкара, пренесе „Ал џезира“.
Тој додаде дека се покажало оти меѓународната заедница, почнувајќи од муслиманскиот и арапскиот свет, е бескорисна, немоќна и безнадежна да ја спречи оваа трагедија која трае, пренесува „Танјуг“.
Фидан повика на итна акција предупредувајќи дека доколку не се најде решение, војната во Газа ќе ескалира во поголема регионална и глобална криза.
Текстот Шефот на турската дипломатија: Кризата во Газа ја покажа пристрасноста на меѓународниот систем е превземен од МАКФАКС.