Ситуацијата во Појасот Газа излегува од контрола, предупреди денеска шефот на СЗО, по експлозијата во болница во која загинаа стотици луѓе. -Ситуацијата во Газа излегува од контрола.
Повикуваме насилството од сите страни да престане, објави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус на „X“.
Тој додаде дека е потребен итен пристап за да започне испорака на материјали за спасување животи.
-Потребен ни е итен пристап за да започнеме со испорака на материјали за спасување животи, изјави Гебрејесус.