Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Израел да ги укине ограничувањата за испорака на помош во Појасот Газа, велејќи дека главниот пат од Египет за испорака на итна медицинска помош до енклавата е блокиран.
Тедрос на прес-конференција во Женева предупреди дека Палестинците се соочуваат со глад и недостиг на основни лекови и медицински материјали во болниците.
Тој ја опиша ситуацијата во енклавата како „повеќе од катастрофална“.
Директорот на СЗО предупреди дека околу 700 тешко болни Палестинци се заглавени во воената зона, бидејќи не можат да бидат евакуирани и одведени на лекување.
Според него, во северниот дел на Појасот Газа останале само две функционални болници.