Шефот на ОН го спореди човештвото со метеорот што ги уништи диносаурусите

Улогата на човештвото во деструктивното затоплување на планетата е еквивалентна на метеорот што ги уништи диносаурусите нa Земјата, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

-Како метеорот што ги збриша диносаурусите, ние имаме големо влијание. Во случајот со климата, ние не сме диносаурусите. Ние сме метеорот. Ние не сме само во опасност. Ние сме опасноста, рече Гутереш во Њујорк.