Ако ги поедноставиме работите, единствен начин за слабеење е воведување ограничувања, односно намалување на бројот на калории.
А кога ќе исфрлите многу намирници, со денови сте гладни, а килограмите не се намалуваат напротив многу полека слабеете. Што е финтата? Па, во отсуство на хранливи материи – во телото се вклучува црвен аларм и тој почнува да ја складира секоја внесена калории за „дождливи“ денови.
Ова се сигнали дека внесувате премалку храна и дека стагнирате поради тоа:
Многу размислувате за храната
Се разбира, вашето тело копнее за калории, па вашиот ум е преокупиран со храна. Меѓутоа, ако цел ден размислувате за храна и не можете да се ослободите од таа мисла, можеби е време конечно да ставите нешто поконкретно во уста.
Прескокнувате оброци
И покрај фактот што многу луѓе веруваат дека прескокнувањето оброци е добар начин да се консумираат помалку калории и со тоа да се ослабне, тоа не е така. Ако го прескокнете појадокот, ручекот или вечерата, всушност му помагате на вашето тело да ги исклучи механизмите одговорни за внатрешно согорување.
Често имате главоболка
Слушајте го вашето тело, па ако често се чувствувате вртоглавица, треперење и главоболка, тоа може да се должи и на недоволно внесување калории. Во отсуство на храна, мозокот не добива доволно гликоза, што значи дека нивото на шеќер во телото е прениско. Во таков случај се јавуваат разни видови физички проблеми.
Не сакате да вежбате
Чувствувате замор и тешко ви е воопшто да размислувате за вежбање, постојано сте исцрпени и имате проблеми со концентрацијата – ова може да биде резултат на недоволно внесување на хранливи материи во организмот.
Кога на телото му недостига храна, нивото на енергија опаѓа, а останува само малку за основните функции и опстанок, а тоа е многу заморно за вашето тело.
Многу сте раздразливи
Постојат многу причини за раздразливост, а една од нив е гладувањето. Ако намерно прескокнувате оброци и се воздржувате од храна секогаш кога можете, ќе биде тешко вашето расположение да се подобри. Дури и научно е докажано дека недостатокот на калории доведува до лутина и фрустрација.
Вечеравте и уште сте гладни
Ова покажува дека во текот на денот не сте внесувале доволно калории и хранливи материи во вашето тело и, иако сте се најале доволно, вашето тело копнее за повеќе. Ова не мора да значи дека треба да јадете повеќе, но она што го јадете треба да биде поквалитетно.
Изберете производи направени од цели зрна, протеини и здрави масти наместо, да речеме, салата која не содржи речиси ништо од горенаведеното.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.