Шест лица се ранети во пукање во продавница во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче и нејзината мајка, соопшти денеска полицијата.

„Жената беше застрелана во стомакот, додека напаѓачот кој ја држеше како штит остана неповреден, изјави началникот на њујоршката полиција Џон Чел“, пренесе АП.

Нема информации за состојбата на повредените, а Чел го опиша инцидентот како „дрзок и кукавички напад врз невините њујорчани“.

Текстот Шест лица се ранети во престрелка во Њујорк, меѓу кои и 12-годишно девојче е превземен од МАКФАКС.