Манчестер јунајтед секојдневно е тема во англиските медиуми. Славниот клуб Божик го дочека на 13.место во Премиер лигата, што е најлош пласман од 1986 година.
Шок терапијата на „Олд Трафорд“, заминувањето на Ерик Тен Хаг и ангажманот на Рубен Аморим, барем сасега не донесе резултат. Португалецот Аморим досега забележа четири победи и порази и едно реми.
Јасно е дека Аморим подготвува промени во тимот кој не го селектираше. Најголем дел од играчите дојдоа во мандатот на Тен Хаг.
Според медиумите во Англија, Аморим составил листа на играчи кои мора да останат во клубот, сите останати можат да си заминат. Листата е кратка, на неа се: Андре Онана, Матијс де Лихт, Лени Јоро, Нусаир Мазрауи, Коби Мејно и Амад Диало.
Аморим верува дека тие се иднината на клубот и дека сака тимот ќе го гради околу нив.
Познато е дека први во редот за заминување се Маркус Рашфорд, Хари Мегваер, Виктор Линделоф, но интересно ќе биде доколку пристигнат понуди за досега незаменливите Бруно Фернандеш, Лисандро Мартинез, Диого Далот, како и скапо платените Антони, Расмус Хејлунд и талентираниот Алехандро Гарначо, кој исто така падна во втор план.
Се шпекулира дека Џошуа Зиркзе би можел да се врати во Италија во зимскиот преоден рок, а исто така сигурно е дека последните денови во Манчестер ги бројат Касемиро, Кристијан Ериксен…
Нема сомнеж дека 2025 година веројатно ќе биде најтурбулентната година на „Театарот на соништата“.
Текстот Шестмина сигурно ќе останат во Јунајтед, сите останати се на продажба е превземен од МАКФАКС.