Пејачката Шер (78) откри дека починатиот музички продуцент и осуден убиец Фил Спектор и предложил да имаат секс кога таа имала само 15 години. Во нејзините мемоари „Шер: Мемоари: Прв дел“, таа опиша како го запознала Спектор преку нејзиниот поранешен партнер, музичарот Антонино ЛоТемпи.

Веднаш била загрижена од начинот на кој продуцентот ја гледал од глава до пети.

„Можеби за многумина беше полубог, но се однесуваше чудно и не ми се допадна како зјапа во мене“, напишала таа, а пренесува Пејџ Сикс.

Спектор наводно ја замолил Шер да спие со него на француски и бил шокиран кога младата девојка одговорила на истиот јазик.

„Дали би сакала да спиеш со мене? (Ќе спиеш ли со мене?) ми рече насмеан. Без да трепнам, погледнав назад во него и му реков: „Oui, pour l’argent“ (Да, за пари), тврди Шер, по што тој останал шокиран.

„Тој не мислеше дека ќе го разберам прашањето, а камоли да имам подготвен одговор“, додаде таа.

Пејачката подоцна имала уште едно непријатно искуство со Спектор, кога нелегално го користел нејзиниот вокал во песна што ја објавил во Европа. Шер рече дека се обидел да ја заплаши со тоа што извадил пиштол и го вртел околу прстите.

„Не се плеткај со мене, Филип! Ова сум јас Шер, во ред? Спушти го ебанот пиштол и вети ми дека никогаш повеќе нема да направиш такво нешто со мојата музика, во ред?“,  ја опиша пејачката својата реакција.

Таа тврди дека тој се извинил и дека веќе немале никакви проблеми. Спектор почина во 2021 година на 84-годишна возраст. Тој почина во затвор во Калифорнија додека отслужуваше 19 години доживотна затворска казна за убиството на актерката Лана Кларксон.

Текстот Шер: Осуден убиец ме праша за секс, имав 15 години е превземен од МАКФАКС.